(ВИДЕО) Тунтев: Столтенберг упати јасен сигнал дека сме на вистинскиот пат

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, по обраќањето на Генералниот секретар на НАТО, изјави дека Столтенберг во својот говор упатил јасен сигнал дека оваа Влада е на вистинскиот пат за евро-атланските интеграции.

– Генералниот секретар ги поздрави реформите кои се основа на НАТО интеграциите. Ова е поттик да продолжиме напред со реформите, а воедно и да воспоставиме пријателски однос со соседните држави, рече Тунтев.

Тој исто така напомена дека во претходна комуникација со Столтенберг, генералниот секретар ставил акцент на вклучувањето на сите политички субјекти во реформските процеси со цел работата да биде побрзо завршена и Македонија да стане рамноправна членка на ЕУ и НАТО.

Во врска со одлуката на Иванов да не го потпише законот за јазици, Тунтев рече дека со жалење констатира дека претседателот не сака да ги препознае европските вредности и не може да ја напушти политиката на поделби, по што кажа дека сериозно ќе бидат разгледани забелешките на Иванов за законот за употреба на јазиците.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ не сакаше да одговори на прашањето околу ставовите за промена на името.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија