Туфегџиќ: Новинарите кои имаат докази за несреќата на Младенов да ги достават

Од:

Новинарите на „Нова Македонија” и Јадранка Костова, главната уредничка на „Фокус” кои имаат докази од местото на несреќата на Никола Младенов, треба да се достават до надлежните институции и подоцна ќе биде одлучено дали тие докази се релевантни и влијаат врз истрагата, изјави за НОВА портпаролот на Кривичниот суд судијата Владимир Туфегџиќ.

После една недела се уште нема резултати од истрагата за новинарот Никола Младенов ниту резултати од обдукцијата, ниту пак од вештачењето на возилото.

Сепак, Туфегџиќ одбива да коментира како е можно доказите да бидат оставени на местото на несреќата и додава дека истражниот судија постапил согласно законот – го известил јавниот обвинител и ги дал потребните наредби – за вештачење на возилото и обдукција и вели дека тие резултати се очекува да стигнат најитно до истражниот судија, после што тој ќе донесе одлука дали треба да се преземат дополнителни мерки и истрага.

Во овој момент не се работи за истражна постапка, туку за предистражна, за што единствен надлежен е јавниот обвинител- според неговата одлука постапката може да биде пренасочена во истрага. Туфегџиќ додава дека загинувањето на Младенов е голема трагедија,” но и за мене тоа е лична трагедија, бидејќи нашето познанство датира уште од младоста”, вели судијата Туфегџиќ за НОВА.

Би можело да ве интересира

МИМ го објави 16-тиот конкурс за новинарската награда „Никола Младенов“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) СДСМ: Вистината за смртта на Никола Младенов – што се презентираше пред камера, а што зборуваа по телефон

Емир Латифовиќ

Протести во 9 градови во Македонија

Ана Ололовска

Груевски: Поддржуваме и се согласуваме на нова истрага за смртта на Младенов

Емир Латифовиќ

Две години од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска

Една година од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска