Труење со хлор во базен во хотел во Охрид: Седуммина од кои две деца се во болница

Од:

Седуммина од кои две малолетни деца се во болница откако синоќа се затруле со хлор во затворениот базен во хотел на охридското крајбрежје.

– На 08.12.2023 во 19.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор. Притоа, во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје. За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид, се вели во соопштението од полицијата.

Би можело да ве интересира

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал