Тројца скопјани го прекршиле полицискиот час во Штип

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Штип, денеска до Основниот суд во Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица.

На лицата им се става на товар дека не ги почитувале мерките за забрана за движење и во време на полициски час, две лица без дозвола се движеле низ Пробиштип, едно лице за време на забраната за движење било надвор од својот дом во Штип, додека тројцата скопјани биле забележани со патничко моторно возило на магистралниот пат Штип -Велес во непосредна близина на населбата „Три чешми“. Со дејствијата обвинетите сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл. 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на Основниот суд Штип на обвинетите да им биде изречена парична казна во висина од по 500 евра во денарска противвредност, односно по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да изнесува 10 евра.​

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор