Тројца штипјани одгледувале марихуана во викенд куќа

Од:

Тројца штипјани се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, откако при претрес на викенд куќа во населба во градот полицијата пронашла насади со марихуана и околу 2.600 семки канабис, информираат од МВР.

Станува збор за Д.Ч.(46), М.Б.(38) и К.С.(35), против кои СВР Штип поднел кривична пријава.

Според полицијата, нивни екипи по добиени сознанија и во консултација со јавното обвнителство, вчера извршила претрес во викенд куќа во местото Суитлак каде пронашла 57 насади со марихуана и 2.657 семки канабис.

„Насадот од страна на пријавените бил подготвен во приземна просторија на викенд куќата која ја приспособиле со намера за производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана„ информираат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари