Тројца повредени откако возило излета од автопатот Тетово – Скопје

Од:

Возач и двајца сопатници се повредени откако со возило излетале од автопатот Тетово – Скопје денеска околу 14.55 часот. Несреќата се случи на влезот пред Тетово.

-Во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Скопје -Тетово, пред влезот во Тетово, возило „БМВ” управувано од А.Е.(18) од тетовска Мала Речица, излетало од коловозот. По несреќата, возачот и двајцата сопатници, Е Ј.(21) и малолетник од истото село, се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес