Тројца пациенти починаа од коронавирусот, нови 15 заболени

Од:

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Еден од пациентите е од Кочани, на 40 годишна возраст, без познати минати заболувања. Другите двајца пациенти се од Тетово, од кои едниот, на 69 годишна возраст имал тумор на мозокот, а вториот пациент, на 65 години немал познати хронични заболувања.

Во текот на вчерашниот ден биле направени 250 тестови, од кои 15 биле позитивни, со што бројката на заразени од Ковид-19 во земјава изнесува 570 лица. Од новозаразените, четворица се од Скопје, осум од Куманово, и по едно лице од Тетово, Струга и Штип.

Седумдесет лица се сместени на Инфективната клиника во Скопје. Од нив, 10 се во потешка состојба, а 8 се приклучени на респиратори.

Во Градската болница „8 Септември“ вчера се примени четворица пациенти за кои се чекаат резултатите, а двајца се на респираторна машина. Во Битола е хоспитализирано едно лице, но во тек е трансфер на заболените од болницата во Охрид. Во Штип има четворица хоспитализирани, од кои тројца се со лесна клиничка слика.

Досега 570-те дијагностицирани по градови се од Скопје, Куманово, Дебар, Штип, Прилеп, Тетово, Струга, Велес, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка, Радовиш, Крушево и во Кочани.

-Епидемијата постепено го смени текот. Ова е фаза во која очекуваме бројот на пациенти да расте и затоа денеска Владата донесе нови мерки. И досега дел од граѓаните не ги почитуваа доследно мерките, а за новите мерки за рестрикција на движењето се земаа повеќе фактори – празниците кои се пред нас, како и убавото време. Само социјалната дистанца ќе стави крај на патот на ширење на вирусот. Тоа сега ни е најпотребно во интерес на нашето здравје и на нашите блиски, рече Филипче, апелирајќи да се почитуваат мерките зашто само така ќе се надмине заразата и здравствениот систем ќе остане стабилен.

Би можело да ве интересира

Филипче: Власта да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на евроинтеграциите

Филипче: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

Филипче: Власта троши 1.8 милиони евра на брошури, кетеринзи, тотеми и себе промоција, но не дава за семејствата на настраданите во Кочани

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Филипче: Никој од Бугарија нема право да ги навредува нашите институции

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Mакедонската интеграција во ЕУ е сè подалечна поради политиките и изборите на власта

Горан Наумовски