Тројца осомничени за убиството во Кавадарци

Од:

За убиството во Кавадарци, уапсени се три лица, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Денеска во 4.56 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во градот, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР – Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т., на возраст од 43-години од Кавадарци, кај кој и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 5.15 часот констатирала смрт, појаснија од СВР – Велес.

Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци.

– Тие биле приведени и задржани во полициска станица. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава, нагласија од СВР – Велес.

Во врска со убиството во Кавадарци, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци врши увид на лице место во казиното каде настанал инцидентот. Се прибираат траги и докази. Издадена е наредба за обдукција на починатиот и се преземаат и други дејствија, потенцираа за МИА утрово од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он