Тројца дрвокрадци од Прилеп затекнати при кражба кај велешко Степанци приведени од полицијата

Од:

СВР Велес информира дека вчера попладне во терминот од 16.30 до 23.30 часот во атарот на велешкото село Степанци, кај месноста викана „Дервен“, од страна на велешки полициски службеници во координација со Шумска полиција била извршена контрола на теренот со цел да се утврди дали има лица кои вршат бесправна сеча на шумата и притоа биле затекнати пет лица како бесправно сечеле и превезувале огревни дрва.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, тројца од нив се фатени и се работи за А.И.(30), Џ.М.(24), Т.М.(28) сите од Прилеп.

– Две непознати лица се дале во бегство и не се фатени со вкупно околу 8 кубни метри огревни дабови дрва. Трите запрежни возила, еден патнички автомобил марка „Лада“ без регистерски ознаки и алатот со кој е извршено кривичното дело заедно со исечените дрва се одземени од страна на припадниците на Шумска полиција – Велес, информира Додевски.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски