Тркалезна маса за „Улогата на судечкиот судија во доказната постапка“

Од:

Судии од кривичните оддели, јавни обвинители од сите апелациски подрачја и адвокати, денеска и утре учествуваат на тркалезна маса за Законот за кривична постапка на тема „Улогата на судечкиот судија во доказната постапка“.

Директорката на Академијата за судии и јавни обинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска на почетокот на советувањето истакна дека е многу битна улогата на судијата во текот на главната расправа во поглед на раководењето со постапката бидејќи, како што рече, тој треба да биде неутрална странка.

Судија во Врховниот суд на Република Хрватска и претседател на Групата држави против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа, Марин Мрчела истакна дека македонскит модел на улогата на претседателот на судечкиот совет е многу слична на американскиот модел во кој функцијата на претседателот на советот е само контролна. Тој, како што рече Мрчела, не се вплеткува во испрашувањето, туку само контролира дали тоа испрашување е во рамки на законските норми.

– Треба да се работи на промена на свеста на улогата на судијата, затоа што судиите на овие простори беа научени на поинаква улога. Сега треба да се промени таа свест, да им се всади нова улога, која полесно е да се направи на младите отколку на старите. Се очекува оние кои сега завршуваат факултет, односно младите судии и обвинители многу лесно да ги применат новите поставки, отколку судии или обвинители навикнати на стар модел, додаде претседателот на ГРЕКО.

Предавачи на советувањето покрај претседателот на ГРЕКО Марин Мрчела, се и адвокатката од Загреб Лаура Валкович и јавниот обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип, Тодор Витларов.

Во рамките на дводневното советување ќе биде дискутирано за „Листа на докази и редослед на изведување на докази на главна расправа/Зошто е тоа важно?“, „Улогата на судијата при испитување на сведоци и вештаци и при изведување на други докази“, „Обвинителскиот товар на докажување од една страна и товарот на убедување од друга“, како и за „Правото на одбрана и начелото на еднаквост на оружјето“.

Тркалезната маса е организирана од Академијата за судии и јавни обинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ