• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Трипуновски : Владата да најде пласман за зелката

by А1он30/03/2020 - 15:36358
Share0

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски денеска на својот фејсбук профил обвини дека Владата, наместо да им помогне на земјоделците, одржува празни прес-конференции, без да даде конкретни решенија.

Добивај вести на вибер

Тој предлага, Владата со сите свои капацитети и меѓународни контакти да се стави во функција за изнаоѓање пласман на зелката.

– Во услови кога низ цел свет недостасува храна заради пандемијата со коронавирус и полиците низ маркетите се празни, во Македонија земјоделските производи скапуваат по нивите. Во Струмичко имаме алармантна ситуација со пролетната зелка, која се откупува по цена на граница на рентабилност и во мали количини, а со сегашната динамика голема е веројатноста дека ќе остане на нивите. Владата наместо да се заангажира да им помогне на земјоделците и да овозможи извоз, држи празни пресконференции на кои само бројат жртви, без да даде конкретни решенија, напиша Трипуновски.

Според него, она што е произведено не смее да остане на нивите.

– Земјоделството е дејност која во најголем дел е извозно ориентирана. Доколку се постават правилно политиките, нема да има криза ниту за храна, ниту ќе има криза со земјоделците кои својот род целосно ќе го продадат. Предлагам Владата со сите свои капацитети и меѓународни контакти да се стави во функција на изнаоѓање пласман на зелката која во нормални услови ќе завршеше за извоз, додава Трипуновски.

koronavirus mkdzemjodelie

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Венко Филипче грубо ја дезинформира јавноста, дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците?

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 15:02

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ22/09/2024 - 09:0422/09/2024 - 09:51

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Предраг Петровиќ21/09/2024 - 16:29

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен