Трипуновски: Млад кромид и пиперка со пестициди се пуштени во промет, граѓаните јадат небезбедна храна

Од:

„МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди. Ова пред мене се доказите кои што денеска ќе ги презентирам пред македонската јавност. Денеска објавувам уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија. Имено, станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во Република Македонија и веќе се наоѓаат на некој од пазарите ширум нашата држава“, рече Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ.

„Првите два извештаи направени во ДФЛ потврдуваат дека во анализите на млад кромид е детектиран недозволиво присуство на пестициди и овие два извештаи се архивирани под арховски број 10802-295/2 и 10802-296/2 од 22/05/2023 година.

Третиот и четвртиот извештај исто така издаден од ДФЛ се однесува на анализа направена на пиперка во која исто така е откриено недозволиво количество на остатоци од пестициди и овие два извештаи во интерес на вистината се со печат на министерството и архивирани под архивски број 10802-373/2 од 17/05/2023 и 10802-493/2 од 26/05/2023 година.

Овие четири документа кои што се пред мене се јасен доказ дека во промет е пуштен зеленчук кој е крајно небезбеден и отровен. И наместо веднаш да се реагира, АХВ праќа паушални соопштенија и се обидува да ја замајува јавноста.

Чиј бил интересот и колку може да биде забегана една влада свесно да пушта граѓаните да јадат небезбедна и отровна храна?

Власта е најодговорна за тоа што денеска граѓаните консумираат штетна храна. И оваа тема не познава ниту верска, етничка, а најмалку политичка припадност. Оваа тема ги засега сите подеднакво, од најмалите до највозрасните.

Николовски и Бабовски се главните виновници за овој голем скандал.

Им порачувам на АХВ и МЗШВ наместо да демантираат, веднаш да реагираат, а Бабовски и Николовски да си поднесат неотповикливи оставки од своите позиции. За ова во демократските земји паѓаат цели влади.

Воедно уште еднаш апелирам ЈО да не глуми ненадлежно и веднаш да реагира по допрен глас.

Одговорност за ова мора да има!“, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Јаткасти плодови и зачини со поминат рок – АХВ заплени и уништи 37 тони храна

А1он

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена