„Трикафта“ конечно пристигна земјава, почнува лекувањето на осум пациенти

Од:

Лекот „Трикафта“ за цистична фиброза пристигна во Универзитетската клиника за детски болести, соопшти денеска министерот за здравство Фатмир Меџети.

Во соработка со другите институции, како што појасни тој, решено е најгорливото прашање на оваа категорија пациенти.

– Очекуваме со оваа терапија значително да се подобри квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза, нагласи министерот.

Тој повтори дека пациентите се во фокусот на нивната заложба како Министерство за здравство.

Директорката на Клиниката за детски болести, Стојка Фуштиќ рече дека лекот е пристигнат утрово и веќе се примаат пациенти кои треба да започнат со терапија.

– На Клиниката примаме шест пациенти, а два ќе се водат на Клиниката за пулмологија. Од осумте пациенти, два се во навистина критична состојба. Седум пациенти се над 18 години, а еден пациент е дете. Добивме нешто пониска цена од предвидената, од онаа јавно објавена. Дадовме барање до Фондот за здравство, дополнително во рамките на истиот буџет, да бидат вклучени уште четири пациенти. Станува збор за годишна терапија, еднаш месечно ќе им даваме таблетарна терапија, појасни таа.

Би можело да ве интересира

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

A1on

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

A1on

Обезбеден лекот „Трикафта“ за 12 пациенти

Меџити: Лекот „Трикафта” не е поскапен, побрза разрешница на случајот со Онкологија

Катерина Ѓуровски

Лекот не е комодитет, туку е приоритет – порака од лицата со цистична фиброза

Одобрени пари за набавка на Трикафта за следните две години