Трифонов: Веднаш да се врати ветото за прием на Македонија во ЕУ

Од:

Ветото против Северна Македонија за нејзин прием во Европската унија треба веднаш да се врати, напиша на Фејсбук лидерот на ИТН Слави Трифонов.

„Додека во Бугарија срамно политичко мнозинство и срамна политичка влада се обидуваат да функционираат, во Северна Македонија друг Бугарин беше претепан. Ќе кажам „Северномакедонец со бугарска самосвест“, но самото излагање на овие зборови ме прават да се згрозам, се срамам.

Интересно е што партиите кои го сочинуваат срамното политичко мнозинство во моментов во Бугарија заедно гласаа да се откажат од ветото за членството на Северна Македонија во Европската Унија. Очигледно тогаш се роди нивното политичко единство.

А тие се виновни што моментално во Северна Македонија палат, демолираат и тепаат Бугари, а оваа работа нема да престане со декларации во парламентот, политички муабети и меѓусебни обвинувања“ истакна Трифонов.

Би можело да ве интересира

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства