Триесетдневен притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари

Од:

Скопското обвинителство предложи мерка притвор од 30 дена за барање поткуп за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

– Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик. Осомничениот како вработен во општината Шуто Oризари на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда во висина од 1000 евра. Наградата осомничениот ја договорил и примил за, искористувајќи го своето влијание, да изврши посредување во вршење на службено дејствие кое не би требало да се изврши. Имено, тој ги побарал средствата за да се донесе Решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект, соопшти денеска Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор. Предлогот на обвинителството беше прифатен, па со Решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од триесет дена.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи