ВИДЕО: Триесетдневен притвор за Катица Јанева

Од:

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева е во истражниот затвор “Скопје” во Шуто Оризари.

Судија на претходна постапка ѝ определи 30 дневен притвор во истрагата за случајот “Рекет” како третоосомничена. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет.

Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Јанева е сомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот “Империја”. Таа беше уапсена попладнево и беше извршен претрес и беа одзмени предмети, меѓу кои и компјутерот од СЈО.

Во притвор за истиот случај веќе втор месец се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог