Триесет и петмина Авганистанци кои привремено престојуваа во земјава трајно заминаа за Грција

Од:

Од Влада денеска соопштија дека 35-мина граѓани на Авганистан, кои привремено престојуваа во Северна Македонија, денеска заминале за Грција каде им е обезбедено трајно прибежиште.

– Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата, наведоа од Влада.

Во земјава престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

– Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации, посочија од Влада.

Би можело да ве интересира

Велика Британија преселува илјадници Авганистанци на своја територија

Иран депортира над 300.000 авганистански мигранти под сомнение дека се израелски шпиони

Уште 68 Авганистаници добија привремено сместување во земјава

Канада обезбеди престој за нова група авганистански граѓани кои беа згрижени во Македонија

А1он

Уште 35 авганистански граѓани отпатуваа од Македонија кон нивната трајна дестинација

Ана Ололовска

39 граѓани на Авганистан од Македонија заминаа за Канада

Ана Ололовска