Триесет години од приемот на Македонија во Обединетите нации

Од:

Македонија одбележува 30 години од приемот во Организацијата на Обединетите нации.

На 8. април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, земјава беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7 април 1993 година.

Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен субјективитет по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна држава.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето во ОН не беше направено под тогашното уставно име Република Македонија туку под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.

Двете земји со посредство на ОН почнаа преговори за надминување на разликите околу името. По долгогодишниот спор, беше постигнат Преспанскиот договор што резултираше со промена на уставното име во Република Северна Македонија, по што земјава стана членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Нашата амбиција е да станеме сериозна држава, што ја знае својата историја, но не е заробена во неа

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

Ердоган: ОН не се способни да го штитат мирот и безбедноста – неправдата кон Палестина боли

А1он

Гутереш: Конфликтите низ Блискиот Исток се прелеваат еден во друг

А1он

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки