Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Од:

Од околу 11:30 до околу 14:00 часот беше блокиран патниот правец Прилеп-Градско кај Плетвар поради протест со кој се бара укинување на законските одредби со кои се одзема воилото при возење без возачка дозвола. Протестот е на прилепските граѓани од ромска националност.

– Ова е мирен протест. Бараме да се укине законот и да биде како што беше досега. Да не се одземаат возилата. Нека се казнува за возење без возачка ама како досега, но со одземање на возилата ни се нанесува голема неправда, не само на Ромите, туку и на другите граѓани од други националности, рече Ерсад Решидоски од Прилеп.

Протестот иако беше најавен со блокада на патот Прилеп – Градско кај Плетвар е прекинат и сообраќајот е нормализиран. Граѓаните најавија секојдневни протести додека не се сменат законските одредби за казнување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Магла на Плетвар, влажни коловози

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите