Трибина за ликот и делото на Светлана Антоновска

Од:

Денес, Организацијата на жени на град Скопје, со почеток во 17 часот, во малата сала на Социјалистичката партија во Скопје, ќе биде домаќин на трибина за ликот и делото на истакнатиот општественик, политичар, статистичар и научник Светлана Антоновска – македонската челична дама.

Трибина за една од најзначајните жени во современата историја на Република Македонија – личност којашто во нашето општество треба да претставува пример и модел на општествено активна и успешна жена, којашто остава неизбришливи траги во развојот на општеството, науката и државата, но и трибина за личност којашто е еден од симболите на достоинството на жената на овие простори.

Модератор на трибината ќе биде проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, а за историското значење на Антоновска и за нејзината општествено-политичка и научна активност ќе говорат: Благородна Мингова Крепиева, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија и амбасадор на Република Македонија во Република Албанија, проф. д-р Васил Тупурковски и Виолета Цветковска, новинар и поранешен уредник во „Нова Македонија“, „Утрински весник“ и „Вечер“. Потем, активно учество со дискусија ќе земат и присутните на трибината.

На средбата ќе биде претставена и монографијата за Антоновска, објавена во октомври годинава.

Со оваа трибина се заокружуваат активностите со коишто се одбележуваат 65-годишнината од раѓањето и 1 година од прераното физичко заминување на оваа значајна личност на македонскиот XX век.

Би можело да ве интересира

Бачовски: Вклучувањето во единствениот пазар на ЕУ значи пласман за македонските производи на големиот европски пазар

Груби го најави Ахмети како спектакл за млади, а Ковачевски ѝ посака успех на ДУИ на партиските митинзи

Орце Костов

Ковачевски: Да се посветиме на вештините кај младите за да го искористиме потенцијалот

(ВИДЕО) Експертите согласни: Во земјоделието се искористуваат сите капацитети

Трибина на тема „Младите и религијата“

Ана Ололовска

Трибина „Биоетичка едукација“ на Филозофскиот факултет

Ана Ололовска