Трибина: Младите заслужуваат поттик, а не игнорирање

Од:

Младите заслужуваат подобар третман, можност и простор самите да се вклучат во процесите кои за нив се од огромно значење и во процесите на креирање и носење на одлуки кои влијаат директно врз нив, оценија учесниците во дебатата на тема „Младите како прогресивен дел од општеството или запоставена категорија” што ја организираше Центарот за истражување и развој на општеството ВИЗИО во Кичево, како дел од граѓанската акција „Заслужуваме подобро”.

Џелал Хоџиќ зборуваше за мултиетничките аспекти на граѓанското делување, за општата граѓанска мобилизација и заедничкиот општествен интерес.

„Позитивни промени се случија изминатата година. Појавата на пленумите е процес кој се случи како одговор на лошите реформи во образованието. Тоа претставуваше еден од најдобрите начини на граѓанска мобилизација преку која огромен број на млади заедно, без оглед на нивните различности, својот заеднички интерес го ставија како приоритет и одлучија да се борат за него“, истакна Хоџиќ.

Светлана Силјановска говореше за формите на младинско учество во процесите на креирање и носење на одлуки.

„Активирајте се, искористете ги своите права како средношколци. Вие имате право да учествувате во носењето на одлуки во вашето училиште, тие одлуки се однесуваат на самите вас и поради тоа е исклучително важно познавањето на своите права и нивно користење на начин кој ќе овозможи поголемо учество на младите“, одговори Силјановска на прашање од средношколка.

tribinamladi (2)

Замир Мехмети зборуваше за тоа колку е битно да имаме активни млади, свесни за состојбата во која се наоѓа државата, млади кои не подлегнуваат на секакви провокации кои имаат за цел да создадат конфликт во општеството.

„Предрасудите и стереотипите, па дури и конфликтните ситуации кои ги создава власта и нејзините медиуми, а најсвеж пример е случајот со ,,крстот и орелот” е нешто што е тотално нерационално за новото време. Многу ми е мило што овој случај остана во партиски размери и не се прошири, особено не помеѓу младите. Да се насочиме кон теми кои се навистина се битни и кон нашите реалните потреби“, рече Мехмети.

Салије Садику се осврна на улогата на Локалниот младински совет во Општина Кичево во креирањето на политики за млади и меѓусебна соработка на младите.

„Локалниот младински совет е одлична можност младите активно да се вклучат во процесите кои се одвиваат во заедницата. Искрено се надевам дека повеќето млади ќе се активираат, ќе иницираат предлози и идеи за да можеме заедно преку Локалниот младински совет да влијаеме врз подобрување на состојбата на младите во заедницата“, истакна Садику, претседателка на Локалниот младински совет во Општина Кичево.

Марко Јовески ја истакна потребата на младите да се гледа како на интегрален дел од општеството.

„Природно е младите треба да бидат носител на прогресивните идеи и напредокот во општеството, да се занимаваат со развој на култура, наука, технологија и сето она што е битно за нив. За жал се помалку млади можат да најдат време и да се насочат кон овие области од причина што егзистенционалните проблеми ги притискаат своето време и труд да ги насочат кон решавање на оваа основна потреба. Тоа не смее да продолжи, последиците ги гледаме преку иселувањето и состојбата во која се наоѓаме младите воопшто. Заслужуваме многу подобар третман“, истакна Јовески од Центарот за истражување и развој на општеството ВИЗИО.

Би можело да ве интересира

Бачовски: Вклучувањето во единствениот пазар на ЕУ значи пласман за македонските производи на големиот европски пазар

Груби го најави Ахмети како спектакл за млади, а Ковачевски ѝ посака успех на ДУИ на партиските митинзи

Орце Костов

Ковачевски: Да се посветиме на вештините кај младите за да го искористиме потенцијалот

(ВИДЕО) Експертите согласни: Во земјоделието се искористуваат сите капацитети

Трибина на тема „Младите и религијата“

Ана Ололовска

Трибина „Биоетичка едукација“ на Филозофскиот факултет

Ана Ололовска