Три случаи на семејно насилство пријавени во еден ден

Од:

46-годишен гостиварец е приведен откако неговата сопруга пријавила дека ја нападнал во нивниот дом.

-На 02.09.2023 во 16.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Б.(46) од Гостивар затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

Приведен е и струмичанец кој исто така ја нападнал сопругата.

На 02.09.2023 во 17.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ќ.Ј.(35) од Струмица затоа што физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во известувањето од полицијата.

Во Скопје, 38-годишна српска државјанка пријавила дека била нападната од невенчаниот сопруг.

– На 02.09.2023 во 21.35 часот во СВР Скопје, 38 – годишна жена од Република Србија пријавила дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг У.Ш.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот

ВИДЕО: Приведени шестмина од скандалозното видео со пукање во гостиварско

Приведен 50-годишник, силувал девојка со здравствени проблеми

Катерина Ѓуровски

Пијани Србинки се истепале во Охрид

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Двајца синови осомничени за семејно насилство врз своите мајки