Три милиони денари од Град Скопје за настраданите во Албанија

Од:

Советот на Град Скопје на денешната редовна седница едногласно донесе одлука за доделување на финансиска помош во вредност од три милиони денари за настраданите од земјотресот во Албанија.

Градоначалникот Петре Шилегов посочи дека пожарникарите и екипите со термални дронови сеуште се во Драч, каде помагаат во пронаоѓањето на цивили и расчистувањето на штетите од земјотресот.

– Во рамките на нашите технички можности уште во текот на вчерашниот ден Град Скопје упати две екипи кои се во Драч. Едната екипа е составена од 4 пожарникари, додека втората екипа е составена од технички лица кои управуваат со термалните дронови и со термалните камери. Оваа одлука е во износ кој традиционално го доделува Град Скопје во вакви случаи, а тоа е 3 милиони денари, изјави Шилегов на седницата.

Покрај оваа точка, Советот на Град Скопје на денешната седница ќе расправа за поголем број на извештаи, одлуки и информации, меѓу кои Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, за периодот од 1 јануари до 30 септември 2019 година, Одлука за пристапување кон изработка на Генерален урбанистички план на Град Скопје, Програма за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање, Одлука за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање, Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за изградба на забавен парк (Луна парк), набавка на реквизити и нивно монтирање.

На дневен ред меѓу другите се и Информација за квалитетот на воздухот на подрачјето на град Скопје за 2018 година,. Информација за квалитетот на водите на подрачјето на град Скопје за 2018 година, Информација за влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето, со посебен осврт врз децата.

Би можело да ве интересира

Се укинуваат вонредните мерки за загадувањето на воздухот во Скопје

Ана Ололовска

Силен земјотрес ја стресе Албанија, почувствуван и во земјава

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Репортажата на „РАИ 3“ го разлути Рама

Драган Поповски

Град Скопје воведе итни мерки против загадувањето

Драган Поповски

Oпозицијата бара нова територијална поделба во Албанија

Драган Поповски

Мета ги прими акредитивите од амбасадорката Ким: Бог да го благослови албанско-американското пријателство

Ана Ололовска