Три медицински сестри од Клиниката за Гинекологија позитивни на коронавирус, еден доктор и директорката се во изолација

Од:

Три медицински сестри од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се позитивни на Ковид-19. Се заразиле преку семеен контакт, а двајца доктори, меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се во самоизолација поради заболени членови на нивните семејства.

Ова денеска го потврди директорката Јовановска, која рече дека трите медицинските сестри се заразиле преку контакт однадвор, односно семеен контакт, а не на Клиниката.

– Ние двајцата доктори сме во самоизолација, не сме со решение, туку сме во самоизолација поради тоа што во семејствата имаме повеќе од тројца заболени. Се тестиравме и јас и докторот сме негативни. Мајка ми, сестра ми и внучето ми се позитивни и уште две внучиња од сестра ми се позитивни. Јас не сум имала контакт со медицинските сестри. И членови на семејството на лекарот исто така се позитивни. Поради тоа сме во самоизолација, посочи д-р Јовановска.

Додаде дека на Клиниката сите ги почитуваат протоколите за носење лична заштитна опрема.

– Во овие седум месеци никој не се заразил на Клиниката. Нема никаква опасност да се заразат пациенти и персонал. Од понеделник уште еднаш ќе се тестираме, да имаме негативен тест и ќе одиме на работа, додаде д-р Јовановска.

Би можело да ве интересира

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка

ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Горан Наумовски

Бебето Едон родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК