Три лица повредени во сообраќајна несреќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица

Од:

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што околу 18:40 часот се случила на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, кај местото Баткова чешма.

Медицински тим на Итната медицинска помош од Делчево интервенирал во сообраќајната несреќа која се случила кај месноста Баткова Чешма, по што трите повредени лица се префрлени во Здравствениот дом Делчево.

– Околу 19:00 часот по претходен повик во Здравствен дом Делчево донесени се три машки лица. Прегледани се во Итната помош и направени се рентген снимки на местата каде чувствувале повреди. На двете лица кои патувале заедно во својот автомобил, инаку бугарски државјани, им е направена снимка на граден кош и стапало. Двете лица се пожалиле на гушење во градите и се под присмотра на лекарите. На третото лице, кое било возач на комби, направени се рентген снимки на граден кош и стомак и му се дадени понатамошни упатства од страна на лекарите, информираат од Здравствениот дом од Делчево.

На лице место на несреќата е направен увид од страна на полицијата, но од таму дополнителни информации најавија по завршувањето на целосната истрага.

Сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, кај местото Баткова чешма, беше во прекин поради сообраќајната несреќа.

Би можело да ве интересира

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Украина: Русите нападнаа два града, погодија згради и училишта, повредени се деца

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец