Три години затвор за поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Судечкиот совет составен од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани и тројца поротници ги осуди на казна затвор од 3 години и два месеци години лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими на казна затвор од 4 години и 6 месеци. Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска добија на казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание.
„Никој нема право да ја узурпира правната држава за интереси на поединци и групи”, рече судијата Огнен Ставрев при изрекувањето на пресудата. Судијата рече дека е нанесена штета врз изборната волја на граѓаните.
Тие со умислена повреда ги сториле кривичните дела, рече судијата при изрекекувањето на пресудата.
Во предметот беа обвинети и 5 управни судии, но Апелациониот суд ги спаси од кривичен прогон. Првото рочиште за овој предмет се одржа на 24 април 2018 година.Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание.
Васко Маглешов