Трет случај на конго кримска хемогарична треска

Од:

Четириесет и двегодишен велешанец е позитивен на конго кримската хеморагична треска, потврди Институтот за јавно здравје. Пациентот во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје и е во стабилна општа состојба.

Од ИКЈ информираат дека пациентот имал покачена температура до 38 степени, главоболка, болка во телото, малаксаност и обилно потење и првично е примен во Општата болница во Велес.

– Во доцните вечерни часови на 12.8.2023, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ РСМ е телефонски известен за позитивен резултат на Конго Кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Тестирањата се направени на Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес, информираат од ИЈЗ.

Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.

– Во контекст на пристапот Едно здравје (One health) контактирана е Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни истражувања на терен. Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ е во комуникација со ЦЈЗ Велес и ја следи состојбата, а доколку има промена, соодветно ќе информира, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на Западнонилска треска

Двајца од седумте хоспитализирани со западнонилска треска се во критична состојба, за уште тројца други се чекаат резултати

Горан Наумовски

Андоновска: Секој суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

Стевановиќ: Пациентот од Велес е во добра состојба, можно е да се заразил од крлеж додека рибарел на Вардар

A1on

Стевановиќ: Болничарката од Инфективна од денеска го прима лекот против конго-кримска треска

A1on