Трет конгрес на ДУИ, ќе се избира претседател и Централен одбор

Од:

Демократската унија за интеграијца (ДУИ) денеска во Тетово ќе го одржи третиот изборен Конгрес, на кој 675 делегати ќе изберат претседател и Централен одбор на партијата, а ќе биде усвоен и партискиот статут и програма.

Според генералниот секретар на ДУИ Абдулаќим Адеми засега има еден кандидат за претседател на ДУИ, но не се исклучува можноста денеска на конгресот од страна на делегатите да биде предложен некој друг бидејќи, подвлече, тие ја имаат таа можност според статутот и деловникот.

Адеми вчера најави дека по денешниот Конгрес на ДУИ за неколку месеци ќе се одржи уште еден на кој тематски ќе се расправа за политиките и стратешките цели на ДУИ, Албанците и државата.

– Конгресот што утре ќе се одржи во Тетово е трет по ред. Тоа ќе биде изборен конгрес на кој ќе бидат избрани претседателот и Централниот одбор на ДУИ, а ќе биде усвоен и статутот и програмата на партијата. За неколку месеци ќе имаме четврти конгрес што ќе биде тематски и на кој ќе се разговара за политиките, стратешките цели на ДУИ, Албанците и на државата. Утре ќе биде работен конгрес,а за неколку месеци следниот конгрес ќе биде тематски, изјави Адеми.

Тој најави и зголемување на бројот на членовите во две партиски тела Централниот одбор и Централното претседателство на ДУИ.

– Од Конгресот се очекува да се зголеми бројот на членовите на Централниот одбор на ДУИ од 75 на 81 член, а ќе се зголеми и бројот на членовите во Централното претседателство од 21 на 33, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024

До Управниот суд стасана една тужба од ВЛЕН, тужби има и ДУИ за сите седум избирачки места

Горан Наумовски

Адеми: Нам ни припаѓа легитимитетот кај немнозинските заедници

Претседателството на ДУИ почна состаноци за позиционирање по изборите