Треска надојдена по дождовите, реката е на десет сантиметри под критичното ниво

Од:

Последните врнежи од дожд повторно ги зголемија водотеците, а најголемата река во кичевско-бродскиот регион, Треска, е со значително подигнато нивото и визуелно може да се забележи дека речното корито е преполно.

Благодарение на престанокот на врнежите во текот на ноќта, приливот на вода во Треска се зголеми но не доволно таа и да се излее од своето корито, велат од Регионалниот центар за управување со кризи Македонски Брод, каде секојдневно се мери нивото на Треска.

-За разлика од пред две седмици кога на мерната станица кај Македонски Брод на Треска беа измерени 160 сантиметри,што беше за 50 сантиметри повисоко од критичната кота за излевање на реката,денес на истото мерно место на мостот кај Македонски Брод се измерени 100 сантиметри, што е за 10 сантиметри под критичната точка и тоа е причината зошто нема излевање на реката од нејзиното корито,вели Миле Стојкоски од РЦУК Македонски Брод.

Тој додава дека покрај врнежите од дожд, за зголеменото ниво на реките во западниот дел од земјава придонесува и топењето на снегот од повисоките планини, поради натпросечно високоите температури. Бидејќи во најава е натамошно зголемување на температурите, тоа ќе придонесе топењето на снегот да се интензивира, а речните корита да бидат полноводни и пред доаѓањето на пролетта.

Би можело да ве интересира

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Неделава за три сантиметри намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемени водостоите на реките

Ана Ололовска

Зголемени нивоата на реките, Преспанското Езеро 31 сантиметар над апсолутниот минимум

Ана Ололовска