А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Трепкаво зелено светло на семафорите во Скопје

by А1он20/01/2016 - 10:2821/01/2016 - 11:0399
Share0

Градот Скопје од утре ќе почне воведувањето на трепкаво зелено светло на светлосните сигнали на крстосниците на подрачјето на Град Скопје, во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Во наредните петнаесетина дена трепкаво зелено светло ќе се воведе на сите семафори во Скопје, а на терен ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

Добивај вести на вибер

Според Законот, трепкавото зелено светло се воведува за предупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување и дека ќе се вклучи жолто, односно црвено светло.

Трепкавото зелено светло се воведува за да се овозможи дополнително информирање на возачите, кое ќе придонесе за зголемување на безбедноста на семафоризираните крстосници на подрачјето на градот Скопје.

Се потсетуваат возачите дека во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата жолтото светло означува забрана за минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да запрат, a да не го поминат тој знак.

Се молат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат жолтото светло и да ги поминуваат крстосниците исклучиво на зелено светло.

skopjesoobrakaj

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Горан Наумовски05/03/2026 - 13:39

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 15:25

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен