Тренчевска: Социјалната заштита е високо на нашата агенда, грижата за граѓаните е наш приоритет

Од:

Министерката за труд и социјална политика денеска се сретна со претседателот на „Банка за храна“ Душко Христов. На средбата се разговараше за предлог Законот за донирање на вишок храна од страна на претседателот до Министерството за труд и социјална политика.

„Како министерство се грижиме секој граѓанин на оваа држава да ја добие потребната заштита и помош за подобар живот. Наши верни соработници се и „Банка за храна“ кои обезбедуваат секој месец основни прехранбени артикли за оние на кои им е најпотребно. Во време на светска, економска и КОВИД криза ваквите организации во соработка со релевантните чинители успеваат да го олеснат животот на дел од нашите граѓани“, изјави Тренчевска.

Министерката рече дека секоја граѓанска иницијатива која што помага на социјално загрозените семејства е секогаш поддржана од страна на министерството. Социјалната заштита е нашиот приоритет и секоја помош е добредојдена.

„Во однос на предлозите кои што се приложени кај нас, ќе бидат разгледани и дискутирани од страна на сите релевантни фактори кои што играат улога во донесување на еден ваков предлог кој што ќе придонесува во социјалната заштита на граѓаните“, дополни Тренчевска.

Соработката со граѓанските организации и МТСП продолжува интензивно и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Граѓанскиот сектор е наш партнер во унапредувањето на социјалните услуги

Ана Ололовска

МТСП: В понеделник почнува исплатата на мајските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка

Ана Ололовска

Тренчевска од Берово: Преку унапредување на правата и услугите од системот на социјална заштита обезбедуваме поголема грижа за ранливите категории

Ана Ололовска

Тренчевска -Јан Коп: Холандија останува силен поддржувач на С. Македонија, заштитата на човековите права е наш заеднички приоритет

Ана Ололовска

Тренчевска: Апликацијата Сиборд претставува унапредување на инклузијата на децата со попреченост уште од најраната возраст​

А1он

МТСП: Започнува интезивна работа на новиот Закон за работни односи

А1он