Тренчевска: Преку социјалните услуги на локално ниво инвестираме во сите граѓани

Од:

При посетата на двете семејства во Крушево, се уверив дека преку социјалните услуги на локално ниво, инвестираме во сите граѓани, рече министерката Тренчевска. Семејството на Ружица Чоневски, кое згрижува две лица со попреченост, шестгодишно дете со Даунов синдром и 42 годишно лице со умерена попреченост користи надоместоци за социјална услуга, посебен додаток, гарантиран детски додаток и образовен додаток за деца што се во редовна настава. Таа порача дека Владата и Министерството ќе продолжат со обезбедувањeто на социјалната сигурност и дека оваа година социјални надоместоци ќе добијат 300.000 наши граѓани.

„Семејството Чоневски на двете згрижени лица им обезбедува семејна атмосфера и топлина. Крушево е град со најмногу згрижувачки семејства. Има 29 семејства кои згрижуваат 37 лица со различни попречености. Ги повикувам и граѓаните од другите општини да го следат примерот на Крушевчани, бидејќи згрижувачките семејства се основа која е потребна за правилен раст и развој, особено на децата со попреченост “, рече Тренчевска.

Тренчевска го посети и семејството на Оливера и Стево Талевски, кое користи гарантирана минимална помош и надоместок заради најтешка телесна попреченост. Согласно Програмата за рефундирање на средствата семејството доби и олеснување при купување на автомобил.

„Нашиот домаќин Стево и покрај својата попреченост изработува украси од камења и со тоа придонесува во семејниот буџет. Преку сеопфатни политики, градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост ќе имаа еднаков пристап за напредок и развој. Создаваме услови за нивна целосна инклузија“, рече Тренчевска.

Министерката Тренчевска го посети и Дневниот центар за деца и младинци со попреченост, во кој 15 деца и младинци секојдневно се стекнуваат со вештини кои ќе придонесата за нивниот личен и општествен развој.

„Само преку јасни и конкретни инвестиции во сите граѓани можеме да очекуваме социјален развој, за што треба да бидат инспирација за сите нас. И во иднина ќе продолжиме да инвестираме во нивните потенцијали, преку воведување на нови преку Оперативниот план за вработување“ рече министерката Тренчевска.

Таа посочи дека политиките на Министерството за труд и социјална политика сè и ќе бидат насочени кон поголема социјална инклузија на лицата со попреченост во општеството, на рамноправна основа и еднаков третман. Министерката Тренчевска денеска во Крушево ја посети и детската градинка „Гонча Туфа“, која се наоѓа во истот објект со Дненвиот центар за деца и младинци, што е вистинска слика за целосна инклузија.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска