„Требало ли да се телепортираат полицајци за да заврши акцијата побрзо“, праша адвокатот на Чавков

Од:

„Наводниот терорист што седи до мене го формирал оперативниот кризен штаб”, го бранеше Чавков неговиот адвокат Сашко Дуковски во воведниот збор за судењето за крвавиот четврток.

Според него, Чавков успешно го водел штабот три месеци и успешно го координирал, а за еден час кај него се јавува умисла за тероризам.

Дуковски рече дека Чавков дејствувал континуирано и издавал наредби за конкретни дејствија и ги прекинал насилствата.

„Ќе докажеме кој и како издавал наредби во оперативниот штаб“, рече Дуковски.

Акцијата, според него, траела час и 20 минути.

„Што требало? Да се телепортираат полицајци за акцијата да заврши побрзо, или да имало 100 мртви ако полицијата презела прекумерна употреба на сила?“, рече бранителот на Чавков.

Тој додаде дека Богдан Илиевски е обвинет за тероризам за само 1 реченица.

Во судот продолжува изнесувањето на воведните зборови во предметот за крвавиот четврток.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски