Треба да ги смените и сообраќајните и возачките ако сакате да патувате – и нивната важност истекува на 12 февруари

Од:

Согласно обврските од Преспанскиот договор до 12 февруари 2024 година, треба да се заменат сите лични документи и на нив да стои Северна Македонија или кратенката НМК. Ова освен за пасошите и личните карти, важи и за сообраќајните дозволи, регистарските таблички и возачките дозволи.

Оние кои се уште не ги замениле регистерските таблички, можат да подигнат налепница со НМК, во станиците за технички преглед. Но се постави прашање дали со сообраќајна дозвола со ознака МК ќе може да се минува границата.

Од МВР за А1он велат – мора да се променат сите документи согласно договорот.

“ Ве информираме дека за патување во странство потребно е да се поседуваат нови документи кои го содржат новото уставно име. Во однос на договорите за реципрочно признавање на возачки дозволи со странски земји, истите продолжуваат да важат“ велат од МВР за А1он.

Ова денеска го потенцираше и Министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој смета дека мора да се сменат оти тие се употребуваат за поминување на граница со возило.

„Да ги потсетам граѓаните дека и сообраќајните дозволи да бидат сменети“, посочи Османи.

Доколку граѓаните не ги променат сообраќајните дозволи или пак возачките, во земјава нема да имаат проблем, но би можеле да имаат проблем доколку сакаат да патуваат со возилото и да ја минуваат границата.

Цена за менување на возачка дозвола е 390 денари, за регистарски таблици  1250 денари, а за сообраќајна дозвола -250 денари

Османи рече дека по сила на закон Личните карти остануваат валидни и по 12 февруари. Но за меѓународна употреба според Преспранскиот договор тие не би можеле да се користат. Тука државите сами одлучууваат дали ќе ги признаат или не, бидејќи договорот е билатерален и секоја држава сама одлуучува кога ќе го имплементира тој рок. Но немаше конкретен одговор дали граници ќе можат да се поминуваат со лична карта.

„Личните карти ќе бидат валидни, а тоа е комплицирано прашање дали може да се влегува во држави со кои имаме договор за поминување граница со лична карта. Имаме комуникации со државите. До 12. да сработиме се што можеме до максимум“, рече Османи.

И иако македонското МНР нема обврска да ги извести земјите дека пасошите со Република Македонија не се валидни, ниту има намера да го стори тоа, Грција веќе ги известила сите држави дека пасошите без „Северна“ не важат.

„Има едно писмо со кое Грција ги има информирано сите држави дека по 12. влегува во сила обврската. Мислам дека стратегијата треба да е да се работи како да ќе нема флексибилност“, кажа Османи.

На прашање на А1он, дали договорите за реципрочно признавање на возачки дозволи со странски земји остануваат на сила или ќе мора да се менуваат согласно новото име на државата, од МВР со одговор дека истите продолжуваат да важат.

Реципрочно признавање и замена на возачки дозволи врз основа на потпишан билатерален договор, македонија има со:

  1. Република Албанија
  2. Босна и Херцеговина
  3. СР Германија
  4. Република Италија
  5. Република Косово
  6. Република Србија
  7. Црна Гора
  8. Кралство Шпанија
  9. Обединетото Кралство

Носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на горенаведените држави, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола.

Иако ретко сообраќајната полиција во странство од туристите бара меѓународна возачка дозвола истата е неопходна при сообраќајни незгоди, кога треба да се направи увид, без разлика дали другото возило ја предизвикало незгодата. И осигурителните компании одбиваат да ја покријат штетата, во случај на сообраќајна незгода, ако нема официјален полициски записник и ако немате меѓународна дозвола.

Врз основа на национално законодавство и Виенска конвенција за патен сообраќај (1968):

  1. Чешка Република (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија и врши нејзина замена со Чешка возачка дозвола. Во Чешка Република на носители на македонска возачка дозвола кои престојуваат на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
  2. Република Бугарија (Ја признава македонската национална возачка дозвола и врши нејзина замена со бугарска возачка дозвола на лица со пријавен постојан престој во Република Бугарија. За секој друг вид престој на носителите на македонска возачка дозвола потребна им е меѓународна возачка дозвола.
  3. Република Хрватска (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со хрватска возачка дозвола. Во Република Хрватска носители на македонска возачка дозвола кои престојуваат на нејзината територија можат да управуваат моторно возило без меѓународна возачка дозвола до 1 година од датумот на влез во Република Хрватска).
  4. Република Словенија (Република Северна Македонија и Република Словенија се договорни страни на Конвенцијата за копнен сообраќај склучена во Виена на 8 ноември 1968 година. Согласно член 41 Договорните Страни ги признаваат за валидни сите домашни возачки дозволи кои се во согласност со оваа Конвенција за возење на нивните територии на возило кое што спаѓа во категориите покриени со дозволата, под услов дозволата се уште да е валидна и да е издадена од друга Договорна Страна. Според Министерството за инфраструктура на Република Словенија, која е надлежен орган за возачи и возачки дозволи, нема потреба од дополнителен Договор за заемно признавање на возачките дозволи).
  5. Романија (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија и врши нејзина замена со Романска возачка дозвола. Во Романија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
  6. Унгарија (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со Унгарска возачка дозвола. Во Унгарија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
  7. Кралство Белгија (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија и врши нејзина замена со Белгиска возачка дозвола. Во Белгија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
  8. Република Австрија (само Б категорија) – (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија и врши нејзина замена со Австриска возачка дозвола. Во Република Австрија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
  9. Република Полска (Jа признава националната дозвола издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија и врши нејзина замена со полска возачка дозвола, при што замената на возачките дозволи помеѓу двете држави се врши врз основа на националното законодавство и Виенската конвенција за патен сообраќај од 1968 година).

Билатерални договори во тек:

  1. Кралството Данска
  2. Провинција Онтарио, Канада
  3. Државата Катар
  4. Обединети Арапски Емирати

Комонвелтот на Австралија – Врз основа на поднесена апликација за признавање на македонска национална возачка дозвола, во тек е постапка.

Грција – Не врши замена на странска возачка дозвола со грчка и за носителите на македонска возачка дозвола потребна им е меѓународна возачка дозвола.

Би можело да ве интересира

Бесплатни возачки и сообраќајни дозволи со новото име, иселениците нема да плаќаат за патен лист

Орце Костов

Панчо и Андреј од ДНК: Ќе му помогнеме на секој сограѓанин кој ќе добие казна за возачка

Орце Костов

ВИДЕО: Петденарката со северна кафематите не ја препознаваат

Орце Костов

Данска ги призна македонските возачки дозволи

Ана Ололовска

Продолжен рокот на пасошите и возачките дозволи

А1он

(ВИДЕО) Стоилковски: Заев уште пред референдумот договарал програми со Косово со користење на придавката „Северна“