Транспортот на мигрантите се одвива без проблеми

Од:

Транспортот на мигрантите од јужната кон северната граница на Македонија во текот на изминатава ноќ и утрово се одвива без проблеми и организирано, беше потврдено на координативниот состанок во Гевгелија. На состанокот беше констатирано дека состојбата на границата е нормална и под целосна контрола на специјалните полициски сили и АРМ.

Во прифатниот камп, според проценките на УНХЦР синоќа пристигнале околу 2.000 бегалци кои по задржување од три до четири часа со два вонредни воза заминале за Табановце. Од железничката платформа кај прифатниот камп во Гевгелија утрово кон Табановце заминаа уште два воза со околу 2.000 мигранти.

Прифатниот камп функционира беспрекорно. Во евиденцијата на мигрантите помагаат активисти од граѓанското здружение „Млади правници“, а Здравствениот дневен центар и пунктот на Црвениот крст во кој дневно се даваат по педесетина интервенции, работат деноноќно.

Бројните меѓународни и домашни невладини организации ценат дека бегалската криза е канализирана и дека во магацините има доволно залиха на храна и вода за бегалците. Сепак останува апелот до сите кои сакаат да им помогнат на бегалците да донираат храна и вода затоа што никогаш не се знае во колкав број ќе пристигнат во прифатниот камп во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто