Транспорт: Ние градиме, СДСМ копира

Од:

Не е точно дека само се најавува изградба на патишта и таквите најави не се реализираат, реагира министерството за транспорт и врски најостро на изјавата на Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ во врски со изградбата на патиштата.

„СДСМ како и по обичај ја копира Програмата за работа на оваа Влада и најавува проекти за кои веќе Министерството за трнаспорт и врски преку ЈП за државни патишта е во завршна фаза пред потпишување на договори за изградба. Владата на ВМРО-ДПМНЕ влезе во еден историски циклус во изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Република Македонија.Моментално во тек е изградба на автопатска делница Демир Капија-Смоквица во должина од 28,2 км, инвестиција 210 милиони евра, на автопат Миладиновце – Штип (автопат Гоце Делчев) во должина од 47 километри, инвестиција 206 милиони евра. Во тек е изградба на автопат Кичево –Охрид (автопат Мајка Тереза) во должина од 57 километри, инвестиција вредна 374 милиони евра. Во тек е рехабилитација на автопатска делница Смоквица-Гевгелија со должина 10,15 км инвестиција 4,2 милиони евра. Во тек е рехабилитација на автопатска делница Куманово-Миладиновци во должина од 23 километри, инвестиција од 6 милиони евра“ се вели во реакцијата.

Од министерството посочуваат дека тоа се само дел од поголемите проекти што се реализираат во патната инфраструктура.

„Овој инвестициски циклус нема да запре, во наредниот период дополнително ќе се фокусираме на патната инфраструктура а ќе се изградат и реконструираат патишта секаде каде ќе има потреба од тоа“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски

„Помолете се пред да го поминете“, мостот Пресека на патот Кичево – Охрид во очајна состојба

А1он