„Транспарентност“: Голем дел од изборната капмања на ВМРО-ДПМНЕ е финансирана нелегално

Од:

Многубројни неправилности и непочитување на законите во трошењето на јавните пари е забележано во финансирањето на изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ во 2011 година како и финансирањето во медиумите.

Во извештајот на „Транспарентност Македонија“ за Мај 2013 година, се осврнуваат на мафијашкото финансирање на изборната кампања намалениот кредитен рејтинг на Македонија, злоупотреба на фирми блиски до власта преку бирото за јавни набавки, ненаменското трошење на народните пари и уште неколку други.

„Транспарентснот Македонија“ во однос на финансирањето на ВМРО –ДПМНЕ вели дека еден месец по завршувањето и 3 дена пред истекот на рокот за поднесување на финалниот извештај за финансирањето, 14 видни членови „донираат” 70 илјади евра, односно секој по 5 илјади евра, со што е прекршен законскиот поставен лимит. Никој пред или за време на изборите не донирал толкава сума пари. Постојат уплати дури и на денот кога е потпишан и оверен финалниот финансиски извештај.

– Можеме да заклучиме дека поголемиот дел од кампањата на ДПМНЕ е финансиран нелегално. Заостанатиот долг на ДПМНЕ од овие избори, според партиските конечни извештаи, изнесува околу 330 илјади евра. Тоа е само 10% од она што беа заостанати обврски на оваа партија од минатите избори, кои таа никогаш не ги исплати, ниту доверителите го бараат тоа. Како што се наведува во соопштението, во сегашните финансиски извештаи на партијата може да се забележат неколку моменти кои покажуваат намера за манипулирање на јавноста и институциите, но и ароганција во таквите постапки – се вели во соопштението.

Што се однесува до „услугите” од медиумите, само ДПМНЕ ја имала таа привилегија да добие попусти и тоа во деклариран износ од скромни 750 илјади евра. Од кои, дури 635 илјади евра се само од четири „донатори”: Сител (160 илјади евра), Канал 5 (145 илјади евра), Алфа (77илјади евра) и МПМ (253 илјади евра).

Според „Транспарентност“ овој износ е, речиси двојно поголем од годишниот буџет на ДКСК за 2012! Попустите на овие медиуми се поголеми од сумите што ги побаруваат од владеачката партија. Сител одобрил 60% од вкупниот трошок, Канал5 одобрил 62%, иако, кога е оваа телевизија во прашање, се сеќаваме и на многу повеќе од тоа. Состојбата со МПМ пак, е следна: МПМ фактурирал услуги на ДПМНЕ заклучно со 22 март 2013 –значи до крајот на првичната изборна кампања – во вкупен износ од речиси 300 илјади евра. Притоа, на овие суми нема пресметано никаков попуст. Од тој датум па до крајот на изборите МПМ не регистрира нови обврски.

– Ценовникот на дел од медиумите, со попусти за објавување пропаганден материјал само за оваа партија, е флагрантен доказ на постојаните тврдења на ТМ дека изборното претставување на ДПМНЕ се покрива од буџетски пари, преку емитување на владини кампањи. Имено, износот на попустот даден од МПМ, отприлика одговара на износот што Владата го потроши со СЕКОЈДНЕВНОТО објавување на огласот за прием на 80 раководни функционери (секој ден на три цели страници во сите изданија на МПМ), а потоа и на оној за прием на 1600 луѓе во македонски шуми (што е скандал сам по себе). Сега трендот продолжува и со објавите на одредби од предлог-законот за абортус.

ТМ констатира дека надлежните институции немаат сила да стават крај на ваквото прекршување на Изборниот законик, ниту пак да пристапат кон законски мерки со кои коруптивните појави ќе се сузбијат и го прават изборниот процес невозможен.

Петар Клинчарски

 

Би можело да ве интересира

Владата паднала од прво на 40. место според транспарентноста

Објавен индексот на отворени општини за буџетската 2020 година – Арачиново и Ранковце имаат најниско ниво на отвореност

А1он

Министерство за информатичко општество и администрација најтранспарентното министерство во регионот

А1он

Владините заложби за транспарентност даваат резултати и тоа ме радува, соопшти Заев на Фејсбук

Жарко Настоски

Владата ќе ја зголемува транспарентноста на институциите и општините

Жарко Настоски

Истражување: Владата може да биде потранспарентна околу буџетските трошења во образованието

Жарко Настоски