„Транспаренси интернешнл“ открива скандал: ДУИ се финансирала преку јавни претпријатија

Од:

На листата на донатори на политичката партија ДУИ во 2016 година се јавуваат јавните претпријатија АД Македонска пошта, АД Аеродроми на Македонија и ЈП Македонски железници – инфраструктура, што е спротивно на законот, објави денеска „Транспаренси интернешнл-Македонија“. Од таму велат дека Државната комисија за спречување на корупцијата за ова го известила Обвинителството, поради сомнение за злоупотреба на буџетски средства.

„По анализа на годишниот извештај за членарини до донации за 2016 година, ‘Транспаренси Интернешнл – Македонија’ забележа дека на листата како донатори се јавуваат и претпријатијата АД Македонска пошта, АД Аеродроми на Македонија и ЈП Македонски железници – инфраструктура, што е спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и Законот за финансирање на политичките партии. Поради тоа на 10.05.2017 година се обративме до Државната комисија за спречување на корупцијата, како надлежна за постапување во вакви случаи“, велат од „ТИ-М“.

Од таму наведуваат дека денеска добиле одговор од ДКСК дека по разгледување и анализа на добиените податоци и прибраните известувања од посочените претпријатија, Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, утврдиле дека сомневањата кои се изнесени во претставката се основани и дека од прибраната документација произлегуваат факти и околности кои упатуваат на прекршување на одредбите од Законот за финансирање на политичките партии и Законот за спречување на корупцијата кои забрануваат користење на буџетски средства, средства од јавни фондови и средства од јавни претпријатија за финансирање на изборна активност, односно друга политичка активност.

Документацијата од која произлегуваат овие сомневања, Државната комисија за спречување на корупцијата ја предала во Основното јавно обвинителство Скопје, кое е надлежно за понатамошно испитување на овие информации.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ