Трајковски во суд ја барал поканата за ТНТ, откако судијата нареди да биде стражарно приведен

Од:

Ексградоначалникот, Тони Трајковски, кој е обвинет во случајот ТНТ денеска при редовното пријавување во судот побарал да му се достави покана за ново рочиште и истата не му била доставена од страна на судот, тврди неговиот адвокат, Јовица Страшевски.

Потоа Трајковски испратил и писмено известување до судот во кое се пожалил дека не е уредно поканет за утрешното рочиште.

„Со овој поднесок ве информирам дека на ден 14.01.2020 г. при потпишување во евиденцијата во судот побарав од службите да ми достават покана за следно рочиште. Бидејќи не ми доставија покана сакам да ве информирам дека уредно не сум поканет за следното судско рочиште“, се наведува во поднесокот на Трајковски до судот.

Неговиот адвокат, Страшевски вели дека овој документ е доказ оти одбраната не прави опструкции во предметот ТНТ како што тоа го прикажуваат од Кривичниот суд.

Денешното рочиште за случајот ТНТ не се одржа, а за утре е закажано ново од 10 часот. Судијата за утрешното рочиште рече дека ексградоначалникот ќе биде стражарно приведен.

Би можело да ве интересира

Сериозна, но минлива е здравствената состојба на Трајковски – „ТНТ“ продолжува за 15 дена

Ана Ололовска

Трајковски не дојде на ТНТ, сведочи неговата докторка зад затворени врати

Кристијан Ландов

Поради ТНТ се одложи рочиштето за „Тендери“ против Елизабета Канческа-Милевска

Кристијан Ландов

Продолжува судењето за уривањето на комплексот „Космос“

Ана Ололовска

Судот ја повика докторката да ја образложи здравствената состојба на Тони Трајковски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Трајковски по рочиштето за ТНТ не можеше да стои, адвокатот го седна на клупа

Ана Ололовска