Трајковски повторно не дојде на „ТНТ“, сопругата го известила адвокатот дека не добил покана

Од:

Обвинетиот Тони Трајковски не дојде на судењето за „ТНТ“ бидејќи немал добиено покана, рече адвокатот Јовица Страшевски, кој пак дошол на судењето по молба од сопругата на ексградоначалникот, обвинет за незаконско уривање на објектот „Космос“ од бизнисменот Фијат Цановски.

„На двете адреси доставени до судот нема стигнато покана. Така ми кажа неговата сопруга. И јас не добив покана, но дојдов бидеји бев замолен од сопругата на Трајковски“, рече Страшевски.

Претходните рочишта се одложуваа исто така поради Тони Трајковски, откако тврдеше дека бил нападнат на улица и завршил во болница.

Одмор пред судот најави и Страшевски, но сепак, се појави на судењето. Во судницата недостасува еден од судиите-поротници.

На судењето не дојде ниту обвинетата Елизабета Најдовска, со објаснување дека и таа не добила покана за денешната расправа.

Во предметот „ТНТ“ обвинети се поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, вработени во Општина Гази Баба, како и поранешен премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов