(ВИДЕО) Трајковски повторно не дојде на судењето за „ТНТ“: Тој не е комуникативен, тешко зборува

Од:

По доцнење од половина час на судењето за предметот „ТНТ“, адвокатот Јовица Страшевски, кој го застапува ексградоначалникот Тони Трајковски со медицинска документација од вчера, го оправдуваше денешното ново отсуство на обвинетиот.

„Не е комуникативен. Состојбата му е многу тешка. Тешко зборува“, го правдаше Страшевски отсуството на обвинетиот Трајковски.

Адвокатот рече дека очекува сопругата на Трајковски да му достави нова документација дека тој е навистина хоспитализиран.

„Тони Трајковски е повторно во Ургентниот центар хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија“, се вели во поднесокот од адвокатот на Трајковски доставен на судот утринава.

Адвокатот Мерџан Даути побара одлагање на судењето поради возраста на поротничката Лилјана Ивановска-Кочовска, која треба да замине во пензија. Тој смета дека ќе има суштествена повреда во судењето доколку судењето продолжи.

„За престанок на мандатот на поротничката треба да имаме одлука на Судскиот совет. Со оглед дека претседателот на судот побарал да се продолжи мандатот, сметам дека теоретски постои можност да се продолжи мандатот“, рече застапникот на обвинението, обвинителот Бурим Рустеми.

Рустеми побара раздвојување на постапката за обвинетиот Тони Трајковски, Марика Зафировска, Александра Аврамовска.

„Постапката се наоѓа во крајна фаза, по две години водење на истата. Апсурдно би било да не се раздвои постапката и истата да почне од почеток, кога имаме услови за продолжување на постапката со останатите обвинети. Обвинетиот Јанакиевски веќе даде исказ. Со раздвојувањето, судот ќе покаже дека може да дејствува ефикасно и економично, спремен да ја реализира правдата на време”, рече Рустеми.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов