А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Трајковски не дојде на ТНТ, сведочи неговата докторка зад затворени врати

by Кристијан Ландов20/01/2020 - 11:0920/01/2020 - 11:45384
Share0

Обвинетиот Тони Трајковски не дојде на денешното судење за ТНТ, по што, судот ја одложи расправата за уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.

Добивај вести на вибер

„Добив известување дека по минатото рочиште бил на доктор и ви го поднесов. Добил документ да не присуствува на рочиште, поради неговата здравствена состојба”, рече адвокатот на Трајковски, Јовица Страшевски.

На рочиштето присуствува докторката Викторија Вујиќ, која ќе сведочи за здравствената состојба на Трајковски без присуство на новинарите.

На минатото рочиште, адвокатот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски реагираше дека неговиот клиент е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта.

Обвинителот Бурим Рустеми, поради ваквите околности побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски, а одбраната реагираше дека не може да се води постапка против поттикнувачи со раздвојување на постапката за обвинетиот извршител на делото.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

Првото рочиште за судењето за ТНТ се одржа на 24. јануари 2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

tnt

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

Горан Наумовски06/11/2023 - 15:51

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески06/11/2023 - 11:2806/11/2023 - 12:33

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Катерина Ѓуровски06/11/2023 - 08:51

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска08/05/2023 - 15:16

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска08/05/2023 - 07:5208/05/2023 - 08:21

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов29/12/2022 - 12:1529/12/2022 - 14:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен