(ВИДЕО) Трајановски: Животната средина и амбиенталниот воздух во Скопје приоритет за наредните четири години

Од:

Животната средина и амбиенталниот воздух ќе бидат приоритет на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски кој денеска официјално ја започна изборната кампања.

Од паркот во Ново Лисиче на последна 5-ка, Трајановски порача дека за наредниот мандат предвидено е изградба на дополнителни 100 илјади квадратни метри парк кој ќе се протега од постоечкиот до ФФМ и позади него.

– Главна тема и моја заложба во идниот период ќе биде здравјето на граѓаните т.е граѓаните и нивниото здравје во наредниот четиригодишен период. За таа цел ќе работиме на проекти кој што ќе значат заштитата на животната средина, амбиеталниот воздух, а со тоа сметаме дека и е една од мерките на заштита на здравјето на граѓаните на Скопје, рече Трајановски.

Тој потсети дека изминатите осум години работел посветено на подигање на голем број на зелени површини и засадување на дрва како една од мерките за заштита на животната средина и на амбиеталниот воздух во градот Скопје.

Трајановски информираше дека во изборната програма покрај новиот парк во Ново Лисиче предвидено е изградба на нов парк во општина Карпош, од Александар Палас, покрај Вардар, кон Ѓорче Петров, реконструкција на вториот дел од градскиот парк во површина од 400.000 метри квадратни при што ќе се реконструира и обнови целокупното зеленило, а ќе се направи систем за наводнување, обнова на зеленилото покрај реката Вардар, засадување на околу 500.000 метри квадратни нови зелени површини во градот Скопје…

Би можело да ве интересира

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

Филипче: Во калта на Мицкоски нема да влегувам, ќе продолжам да го разобличувам

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје