Трагична сообраќајка во струмичко, Радовишанец го загуби животот

Од:

Педесет и осумгодишниот Б.К. од Радовиш вчера попладне загинал во сообраќајка која се случила на локалниот пат Струмица-село Просениково, информираат од СВР Струмица.

Според полицијата, автомобилот „ауди А4“ со радовишки регистарски таблички, управуван од загинатиот, изгубил контрола и излетал од патот.

На местото на несреќата била повикана екипа на Итната медицинска помош од Струмица, а лекар констатирал дека радовишанецот починал веднаш.

Увид извршиле екипа на СВР Струмица и јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски