Трагедија во Гостивар: Почина девојче откако падна од лулашка

Од:

Четиринаесетгодишно девојче почина по пад од лулашка во Гостивар. Случајот во полиција го пријавиле од болницата каде малолетничката е донесена без знаци на живот.

– На 9.7.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски