„Траекторија“ продолжува на 4 јули

Од:

Со слушање на останатиот дел од аудио разговорите, популарните „бомби“, рочиштето за предметот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе продолжи на 4 јули.

Во Кривичниот суд денеска, по паузата, беа пуштени разговорите кои СЈО ги доставило како докази, а се однесуваат за периодот во јануари 2013 година.

Во дел од разговорите во кои скоро сите ги водеше поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески се слушаа информации околу постапката за тендерската документација за изградба на автопатот Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид за која македонскиот амбасадор во Кина, Оливер Шамбевски му ја појаснува на Јанакиески.

Во разговорот се слушаше и протоколот за документацијата за големиот кредит од кинеска банка за изградба на автопатите.

Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на буџетот на државата од најмалку 155 илјади евра.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов