„Траекторија“ продолжува на 30 јануари, СЈО побара притвор за недостапниот Груевски

Од:

Судењето за предметот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 30 јануари за адвокатот по службена должност на обвинетиот Никола Груевски да може да се подготви за предметот.

Судот претходно го прифати барањето на СЈО и одреди мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски од денот на неговата достапност за органите на прогон.

На почетокот на рочиштето Лиле Стефановска од СЈО побара мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство и не е достапен на органите, додека неговиот адвокат по службена должност
реагираше на ваквиот предлог и побара да биде отфрлен како неоснован.

Судијата Горан Бошевски на почетокот констатираше дека адвокатите на Никола Груевски го откажуваат полномошното и му назначи адвокат по службена должност.

Адвокатот по службена должност на Никола Груевски побара денешното рочиште да биде одложено за да може да се подготви за рочиштето поради обемноста на предметот.

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска