„Траекторија“ нема да се блокира: Судот ги отфрли барањата за изземање

Од:

Судијата Горан Бошевски во предметот „Траекторија“, по паузата, ги отфрли барањата за изземање на Катица Јанева и на Лиле Стефанова. Во образложението наведе дека и двете се легитимни правни застапници на СЈО, а освен тоа, Јанева се’ уште не е разрешена. На следното рочиште, на 16-ти септември, треба да биде сослушан предложениот вештак од СЈО.

Во предметот „Траекторија“, кој е во доказна постапка и треба да бидат сослушани вештаци, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија, со кои, во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со противправното дејствување на обвинетите, кинеската компанија „Синохидро“ се стекнала со имотно-правна корист од над 155 милиони евра, а износот на штета претставува разлика меѓу износот на цена што државата му ја плаќа на „Синохидро“ и цената што оваа компанија им ја плаќа на подизведувачите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски