Традиционален коњички марш за Илинден

Од:

Во пресрет на големиот македонски празник „Илинден“ вo недела ќе почне 36. коњички илинденски марш, што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Коњичкиот марш стартува од Општина Аеродром, каде на коњаниците ќе им биде предадено општинското знаме, а крајната дестинација е Крушево, каде треба да стасаат на 2 август. Од Општината, коњаниците придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, игрaорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината, соопшти денеска Општина Аеродром.

Пред свеченото испраќање на коњаниците од Горно Лисиче, кои се на возраст од 15 до 60 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија, на која високи свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево.

Пред испраќањето на илинденците ќе се организира свечена музичка програма со настап на познати македонски естрадни уметници. Во испраќањето на коњаниците кон Крушево ќе се вклучи и Општинската организација на Црвен крст „Кисела Вода“, која во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он

Македонија го одбележува Илинден

А1он

Коњаницата „Патот на Црешовото топче“ тргна кон Крушево