ТППЕ Куманово со 124 интервенции во првите шест месеци од годината

Од:

Tериторијалната противпожарна единица Куманово во првите шест месеци од годинава бележи помал број интервенции во однос на истиот период, минатата година.

Според податоците на кумановската противпожарна единица во првата половина од годинава се регистрирани 124 интервенции што се должи и на поволните временски услови, претежно врнежливото време кое го зафати кумановско и поширокиот регион. Лани во овој период од годината се случиле 174 интервенции.

– Во последниве две недели имавме значително помал број интервенции на отворено во однос минатата година. Се уште има да ги наречам традиционални пожари на отворено кај месноста „Багрем Бања“ и во селата во Куманово. Останато се пожари во урбана средина и на патнички моторни возила, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Според командирот секое лето на ова место интервенираат по неколку пати дневно на една иста локација во населбата „Перо Чичо“, иако станува збор за мали пожари. Според статистиката на противпожарната единица, најчесто човекот е главен фактор за настанување на пожари.

Противпожарната единица во Куманово располага со осум противпожерни возила, сите во исправна состојба. ТППЕ Куманово го покрива регионот на градот и соседните две општини и засега според командирот доволно добро се екипирани.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски